Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следната локација: бул.Борис Трајковски бр.7/16-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:ул.Шарпланинска-Ѓорче Петров-површинско чистење сливници,ул. Бутелска-Бутел 1-контрола на шахти и Вардариште-Маџари-подигнување на колекторски шахти.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.