Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:ул.Ѓорги Капчев бр.4/3-приклучна цевка и ул.15 пат за Побожје-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации: реон Лисиче-контрола на шахти и рачно чистење сливници и ул. Манапо-Карпош-рачно чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците