Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 13.12.2023

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за отстранување и санација на улични дефекти на следните локации: Кондово бб, Ул.18/17 Сопиште, Христо Татарчев бб, Ресенска 14/1, Рокомија бб, ул. Боро Менков бр. 1 и Гемиџиска 2/19. 

Во текот на денешниот ден се спроведе акција за расчистување на шахти и  сливници на следните локации: Шуто Оризари, реон Лисиче, реон Ѓорче Петров, реон Карпош, бул. Партизанска со цел непрекината функционалност на атмосферската канализација.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies