Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 01.12.2023

Во текот на денешниот ден се спроведе акција за расчистување на шахти и  сливници на сите критични точки во градот како: бул. Јане Сандански, бул. Александар Македонски во Лисиче, бул. Никола Карев кај Бит Пазар, во Маџари итн со цел непречена функционалност на атмосферската канализација, како и активности за поставување на капак на ул. Ѓорги Капчев во Лисиче. 

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за отстранување и санација на улични дефекти на следните локации: Ул. 1 Ново Село, Усје 1/74, Солунска Глава 5, Ул. 157 бр.10, Ул. 2 бр.87 Визбегово и во Шишево. 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies