Известување за работно време

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на услугите дека на 29 ноември 2023 (среда) шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието ќе работат од 07:30 до 14:00 часот, а на 30 ноември 2023 (четврток) од 09:00 до 14:00 часот.

Наплатните пунктови во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат.

Со редовни работни активности и редовно работно време се продолжува на 1 декември 2023 (петок).

Оваа одлука е во согласност со заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Република Северна Македонија, поради одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies