СООПШТЕНИЕ

ЈП Водовод и канализација Скопје, во целост ги демантира како невистинити, наводите објавени на 23.11.2023 година, во соопштението на Управниот одбор и неговиот претседател Идриз Орана, и на претседателот на   Надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје. Истите се неосновани и служат само за дезинформирање на јавноста и вработените во претпријатието, со цел отргнување на вниманието од реалните проблеми, кои Идриз Орана и Управниот и Надзорниот одбор, со своите одлуки му ги создаваат на претпријатието.

Во соопштението е наведено дека „Во јуни 2023 година УО и НО донесоа одлука и мислење за пренамена на средствата од конто привремени вработувања во конто трајни вработувања, со цел да им се реши статусот на вработените со привремени договори, односно истите да се вработат со решение за договор со неопределено време. Оваа одлука директорот не ја спроведе, со што и се дојде до оваа ситуација денес“.

Овие наводи во целост се невистинити, од причина што  на претседателот на Управниот одбор Идриз Орана, и на претседателот и членовите на надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, им е  многу добро познато дека Советот на Град Скопје, предводен од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, не даде согласност на Планот за вработување на ЈП Водовод и канализација-Скопје, за 2023 година, иако според закон е должен да го стори тоа, со што претпријатието беше блокирано во делот на вработување на неопходниот технички кадар за нормално функционирање.

Настанатата ситуација раководството на претпријатието ја менаџираше преку ангажирање на неопходните работници преку Агенција за привремени вработувања, но на седницата на УО, раководена од Идриз Орана, одржана на ден 30.06.2023 година, Управниот одбор донесе одлука со која изврши пренамена/бришење на средствата предвидени за плати токму на овие работници, и изврши измена на Планот за јавни набавки со бришење на јавната набавка на услуга од агенција за привремени вработувања. На оваа седница не беше поканет никој од раководството на претпијатието. Со ова јавното претпријатие беше оневозможено да спроведе постапка за јавна набавка на оваа услуга, за што на 28 Ноември, ќе им престанат договорите на работниците ангажирани преку агенцијата.

Доколку Управниот одбор и Идриз Орана, ги „штитеше вработените во ЈП Водовод и канализација – Скопје“ доволно ќе беше на вчерашната седница да ја поништи Одлуката за измена на Финансовиот план за 2023 година на ЈП Водовод и канализација Скопје и План за јавни набавки за 2023 година на ЈП Водовод и канализација Скопје арх.бр.0202-5992/4 од 30.06.2023 година со која изврши измена на Финансовиот план и измена на Планот за јавни набавки на ЈП Водовод и канализација Скопје за 2023 година, со што ќе се надминеше проблемот, кој е политички мотивиран и намерно предизвикан од страна на Управниот одбор на претпријатието и претседателот Идриз Орана.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies