Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 23.11.2023 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:ул.Прохор Пчињски бр.78-уличен дефект,бул. Македонско Косовска Бригада-уличен дефект и ул.Ѓорѓи Капчев-уличен дефект.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации: бул.Киро Глигоров-Автокоманда-површинско чистење сливници,ул.Ѓорѓи Димитров-Кисела Вода-контрола и површинско чистење сливници,ул.Бахар Моис-Кисела Вода-рачно чистење сливници,Бутел 2-Чаир-рачно чистење сливници,ул.Радишанска-Бутел-отпушување на сливници со машинка притисок и рачно чистење и ул.Славејко Арсов-Центар-поправка на дефект.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies