Соопштение до јавноста во однос на настаните кои денес се случуваа во просториите на претпријатието.

ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на денешниот ден, повторно се соочи со непријатни ситуации и настани наметнати од страна на претседателот на Управниот Одбор на претпријатието, Идриз Орана.

Имено, денешниот инцидент е за сега последен од серијата инциденти со кои менаџментот, но и вработените на претпријатието се соочуваат во изминатиот период.

Овој тип на инциденти создаваат непријатна и нездрава средина за нормално фунционирање на вработените, а за жал во некои од нив, покрај вербалните има и физички навреди, закани и притисоци. Сите овие настани и инциденти се пријавени во МВР.

Во текот на денешниот ден, претседателот на УО на ЈП Водовод и канализација – Скопје, повторно иницираше инцидент, одбивајќи да го одржи состанокот на одредената локација предвидена за истото, на петтиот кат, каде како и за сите состаноци истата беше наместена и организирана соодветно. Наместо таму, на негова иницијатива и притисок од негова страна, членовите на УО кои веќе беа седнати на 5-от кат во Салата за состаноци по телефонски повик од негова страна се симнуваат долу за да предизвикаат инцидент со обезбедувањето каде меѓу другото, претседателот на УО, Идриз Орана се обиде да иницира и физички судир со обезбедувањето. 

Обезбедувањето на ЈП Водовод и канализација – Скопје, на ниво на својата задача, го спречи развојот на немилите настани, на мирен и достоинствен начин, со цел задржување на редот и безбедноста во претпријатието.

Менаџментот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, испраќа јавно порака до претседателот на УО, Идриз Орана, да престане со притисоците врз членовите, вработените, со иницирање на инциденти, како и со обвинувања за нефункционалноста на менаџментот само за да ја исполни својата цел – неговата сопруга да продолжи со континуирано повеќегодишно продолжување на боледувањето и истата да биде „недопирлива“ за проверка, казна, дисциплинска и друга одговорност.

Правилата, прописите и протоколите за работа мора да се почитуваат и да важат за секого, без разлика дали е функционер, претседател на управен одбор или не.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies