Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации :ул.Киро Глигоров бб-уличен дефект, ул.15 бб-уличен дефект, ул.Товарник бр.29 уличен дефект, ул. Ѓорѓи Димитров бр.54/1-приклучна цевка и бул.Македонско Косовска Бригада-шибер.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:бул.Јане Сандански-Аеродром-перење атмосферка канализација со вакум цистерна,бул. Никола Карев-Бит Пазар-перење фекална каналзиација со цистерна притисок,ул. Ѓорче Петров-површинско чистење сливници и ул.Боте Боцевски-Кисела Вода-контрола на шахти и површинско чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.