Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 26.10.2023 год.

 

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации :ул.Сава Михајлов бр.18/7а-уличен дефект, ул.Македонско Косовска Бригада бр.3/43-уличен дефект и ул. Скупи-реконструкција. 

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:бул.Александар Македонски-Автокоманда-површинско и рачно чистење сливници,ул.Никола Русински Карпош-контрола на шахти и површиснко чистење сливници,ул.Тодор Чандов-Аеродром-контрола на шахти и површинско чистење на сливници,ул.Радишанска-Бутел-рачно чистење шахти и продувување со цистерна притисок и Шуто Оризари-отпушување со цистерна притисок.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies