Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации :ул.Јајце бр.63-уличен дефект,ул. Македонско Косовска Бригада бр.3/65,ул. Банско бр.10-уличен дефект, ул. Благоја Гојан бр.1-уличен дефект и Плоштад Македонија-чистење на фонтана.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:ул.Љубљанска-Карпош-контрола на шахти и површинско чистење сливници,Шуто Оризари-отпушување со цистерна притисок,ул. Банско-Кисела Вода-санирање на дефект,ул.Лепенечка-Ѓорче Петров-контрола на шахти и површинско чистење на сливници и ул. Тодор Чангов-Лисиче-контрола на шахти и површинско чистење на сливници,
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.