Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации :ул.Борис Трајковски бр.26/43(Усје)-уличен дефект,ул.Радишанска бр.26-приклучна цевка и ул.Вашингтонска-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:ул.Бледски Договор-Карпош-рачно чистење на шахти,ул.Радишанска-Бутел-рачно чистење сливници и дување улична решетка,Ѓорче Петров-површинско чистење сливници, бул.Илинден-Карпош-влечење јама со цистерна вакум и ул.Михаил Чаков-Кисела Вода-перење со цистерна вакум.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.