Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 05.10.2023 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации :ул.1/12 Синѓелиќ-уличен дефект и Горно Лисиче бр.3-уличен дефект.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:бул.8-ми Септември-Карпош-површинско чистење на сливици,ул.Љуба Петковик-Бутел-контрола на шахти,ул.Гиго Михајловски-Карпош-рачно чистење и перење со цистерна вакум,ул.Бутелска -Бутел-отпушување со машина притисок,чистење сливници и шахти во Ѓорче Петров,ул. Борка Талески -Центар-поправка на сливник,ул. Мара Междуречка-Бутел-чистење сливници, ул.Лука Геров-Ѓорче Петров-контрола на шахти и рачно чистење сливници и ул.Трифун Хаџи Јанев-Автокоманда-отпушување на фонтана.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies