Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 03.10.2023 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации :ул. Спиро Гулапчев бр.3а-огрлица и бул.Босна и Херцеговина бб-водоводен приклучок на ф150 мм за АД.за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор и бул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.26-шибер. 

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации :ул.Драгиша Мишковиќ-Карпош-рачно чистење на сливници и перење со цистерна притисок,ул.Илинденска-влечење јама со цистерна вакум,ул.167 б-Бит Пазар-рачно чистење на шахта и вадење на камења,бул. Никола Карев-Бит Пазар-површинско чистење на сливници и ул.Ѓуро Салај-Ѓорче Петров-промена на капак.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies