Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации :ул. Козле бр.124-приклучна цевка, ул.Среќко Пужалка-уличен дефект и ул. Божин Николов - Силни бр.30-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации :ул. Финска -Маџари-рачно чистење сливници,ул. 1558-Бутел-контрола на шахти и рачно чистење сливници,бул.Партизански Одреди-рачно чистење сливници и Расадник-Кисела Вода-перење со цистерна вакум.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.