Отворен нов наплатен пункт во населбата Лисиче

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје со цел доближување на услугите до своите корисници, денес отвори нов наплатен пункт во населбата Лисиче. 

Со отвoрањето на новиот наплатен пункт јавното претпријатие им овозможува на своите корисници да ги плаќаат своите сметки, да ја пријавуваат состојбата на водомерите, да го проверуваат својот долг за потрошена вода, да пријавуваат дефекти и сл. 

Наплатниот пункт е лоциран во трговскиот центар во населба Лисиче и ќе работи само прва смена од 07:30 до 15 часот. 

Покрај овој наплатен пункт корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје имаат можност да ги посетат и пунктовите во Сарај, Шуто Оризари како и Дирекцијата на претпријатието. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје следејќи ги трендовите за дигитализација им овозможува на корисниците и пристап до голем број на дигитализирани услуги, како добивање на електронски фактури, електронска регистрација на корисник, пријавување на дефекти и достапност на различен тип на документи преку e.vodovod-skopje.com.mk. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје, располага и со апарати за плаќање на фактурите на пет локации низ град Скопје: Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје,  Одделението за грижа на корисниците на ЈП „Комунална хигиена“, ГТЦ на приземје, во ТЦ Капитол Мол и во Сити Мол (во делот кај банкоматите). 

Корисниците на услугите на претпријатието на овој тип апарати имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата со користење на картичките „мастер“ и „виза“од сите банки без провизија. 

Покрај оваа можност, корисниците можат да пристапат до електронските услуги на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и преку мобилната апликација достапна за Андроид и ИОС.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies