Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации :ул. Пере Тошев бр.4-приклучна цевка и ул. Скоевска бр.48-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации :ул.Божин Николов Силни -Лисиче-контрола на шахти,бул.Илинден-Карпош-влечење јама со цистерна вакум,ул.Жан Жорес-Маџари-поправка на атмосферска шахта,ул.Бетовенова-Бутел-рачно чистење шахти и ул. Вуковарска-Чаир-рачно чистење шахти.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.