Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 19.09.2023 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации :ул. 6 Економија-уличен дефект и ул. Методија Митевски бр.10/5. 

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации :ул. Дижонска -Чаир-влечење шахта со цистерна вакум,бул.Партизански Одреди-Карпош-површинско чистење на сливници и рачно чистење на шахти,ул. Македонска Преродба-Ѓорче Петров-рачно чистење на шахти,ул. Бутелска-Бутел-работа со чекречи,ул.Париска -Карпош-површинско и рачно чистење на сливници.бул. Србија-Аеродром-рачно чистење на шахти и отпушување со машина под притисок и ул. Борис Сарафов-Ѓорче Петров-рачно чистење на сливници.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies