Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации :ул.6 бр.42 Батинци-уличен дефект,ул.Македонско Косовска Бригада бр.3/4-уличен дефект,ул.Венјамин Манџукоски бб-уличен дефект и ул. Константин Петковиќ бр.5-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации :ул.Симче Насевски-контрола и чистење на шахти,ул.Благоја Стефковски -чистење шахти со цистерна притисок,ул. Банско-снимање на фекална канализација,бул.Босна и Херцеговина-рачно чистење шахти и сливници и ул. Манчу Матак-рачно чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.