Месечен извештај за оперативноста на ПСОВ – Волково , Јули 2023

 

Почитувани,

Ви доставуваме месечен извештај на анализи на влезна и излезна вода од Пречистителна станица за отпадни води – Волково за месец  Јули  2023 година.

Месечен извештај – Јули 2023

Пречистителната станица за отпадни води Волково наменета е за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачје на населбите Кисела Јаболка, Стопански Двор и Волково.

ПСОВ Волково е предвидена за 19 500 Е.Ж. За пречистување на отпадните води се употребува современа СБР технологија. Во текот на месец  Јули  2023 година  пречистени се вкупно 74.237 m³ отпадна вода. Од механичкиот предтретман отстранети се приближно 1,5 тони отпад со категоризација на отпад 19 08 01 (отпад од сита крпи, марамици....) и 19 08 02  (отпад од песколовец - песок).     

Во Пречистителната станица за отпадни води Волково се прават анализи на параметри  кои се предвидени во дозволата за испуштање на отпадна вода во 

р. Лепенец.  Во периодот од 01.07.2023  до 31.07.2023 година беа  изработени  анализи на 16 примероци од две мерни места. Направените анализи во месец Јули 2023 година  покажуваат задоволителни резултати и висок процент на  ефектот  на пречистување, а  вредностите на параметрите на излез се движеа во следните граници: HPK од 5,0  mg/l до 17,6 mg/l (максимална дозволена концентрација 125 mg/l според правилник Сл.Весник на Р.М.“ бр.73 од 31.05.2011 год.), БПК5 од 2,0 mg/l О2  до 12,0  mg/l О2 (МДК 25 mg/l),  вкупен азот од 2,14 mg/l до 5,23mg/l (МДК - 15 mg/l), вкупен фосфор од 1,77 mg/l до 2,26 mg/l (МДК - 2 mg/l), а  суспендираните материи од 1 до 6 mg/l (МДК - 35 mg/l). 

   
Слика 1 Графички приказ на анализи на влезна отпадна вода во ПСОВ Волково                      Слика 2 Графички приказ на анализи на излезна отпадна вода во ПСОВ Волково
                                       во  месец  Јули 2023 година                                                                                                                    во месец  Јули 2023 годинa

 

 

   ПАРАМЕТАР

 

ЕДИНИЦА

ПРОСЕЧНА КОНЦЕНТРАЦИЈА ВО ВЛЕЗНА ОТПАДНА ВОДА

ПРОСЕЧНА КОНЦЕНТРАЦИЈА ВО ИЗЛЕЗНА  ОТПАДНА ВОДА

ЕФИКАСНОСТ НА ПРЕЧИСТУВАЊЕ %

Хемиска потрошувачка на кислород

   mg/l

268.86

10.59

96.06

Биолошка потрошувачка на кислород

  mg/l

158.38

8.75

94.48

Суспендирани материи

  mg/l

133

1.62

98.78

Вкупен азот

  mg/l

45.76

3.19

93.03

Вкупен фосфор

  mg/l

4.54

2.021

55.48

 
                    Слика 3 Графички приказ на ефикасност на пречистување
                                           во месец Јули 2023 година









Табела 1
. Просечна концентрација на загадувачки материи во влезна и излезна
      пречистена вода и ефикасност на пречистување во месец Јули 2023 година









 

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies