Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации : ул.Серава бр.135-уличен дефект,ул. Среќко Пужалка бр.100-уличен дефект и бул. Македонско Косовска Бригада бр.6/2-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации :ул. Воин Драшковиќ-рачно чистење шахти,ул. Финска , ул. Беровска и Лепенец-рачно чистење на шахти,бул. АСНОМ(плочник)-Аеродром-контрола на шахти и површинско чистење на сливници,ул. Славка Динкова-снимање со камера со специјално комбе,ул. Борис Сарафов-промена на решетка од сливник и ул.Ѓорѓи Капчев-контрола на фекална канализација.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.