Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации : ул.Славејко Арсов-уличен дефект,ул. Рилски Конгрес-уличен дефект,ул.Лопушник бр.2-приклучна цевка,бул. Македонско Косовска Бригада бр.3/36-приклучна цевка и ул.Христофер Жефаровиќ-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации : бул.Илинден-чистење јама со цистерна вакум,ул.Востаничка-отпушување на сливници со приколка притисок,бул. 12та Македонска Бригада-контрола на шахти и површинско чистење на сливници,бул. Јане Сандански непарни броеви-контрола на шахти и површинско чистење на сливници,ул. Горно Врановска и ул. Божин Николов Силни -контрола на фекална канализација,бул. М.Х.Јасмин-чистење со цистерна вакум и ул. Никола Русински-рачно чистење.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.