Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: Франце Прешерн 106, Никола Парапунов, Јустинијан Први 116, Радишанска 104 и Финска 25 и 35.
Екипите на сектор Канализација во согласност со планот за работа спроведоа активности за расчистување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа на територија на град Скопје.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.