Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 31.07.2023

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните  локации: ул. Никола Парапунов, ул. Саса бб, 14/29 Сопиште, ул.Чаирска 17 и Љуботенски Пат бб. 

Екипите на сектор Канализација во согласност со планот за работа спроведоа активности за расчистување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа на територија на град Скопје на следните локации: бул. Борис Трајковски, бул. Видое Смилевски Бато,  подвозникот кај Стоковна куќа – Мост, ул. Ѓорче Петров, бул. Гоце Делчев, атмосферскиот канал на ул. Козле, ул. Востаничка, бул. Александар Македонски, ул. Павел Шатев и ул. 23 Октомври.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies