Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: Лука Ѓеров, ул. 4/7 Студеничани, Пелагонија 3 и ул. Коце Металец 2.
Екипите на сектор Канализација во согласност со планот за работа спроведоа активности за расчистување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа на територија на град Скопје.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.