Работни активности во Стара скопска чаршија

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, по пријава од страна на граѓани за истекување на вода и поплавување на еден локал во Старата скопска чаршија, направија увид и констатираа дефект на приклучна цевка на ул. 106 бб. 

Во текот на денешниот ден ќе се постапи соодветно за отстранување на дефектот, а имајќи предвид дека станува збор за локација со големо историско и културно значење, напоменуваме дека по завршување со работните активности, подлогата ќе биде вратена во првобитна состојба.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies