Пречистителната станица за отпадни води Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково.
ПСОВ Волково е предвидена за 19 500 Е.Ж. За пречистување на отпадните води се употребува современа СБР технологија. Во текот на месец мај, 2023 се пречистени вкупно 51.420 м³ отпадна вода. Од механичкиот предтретман се отстранети приближно 1,4 тони отпад со категоризација на отпад 19 08 01 (отпад од сита, крпи, марамици...) и 19 08 02 ( отпад од песколовец - песок). Во Пречистителната станица за отпадни води - Волково се прават анализи на параметри кои се предвидени во дозволата за испуштање на отпадна вода во р. Лепенец.
Во периодот од 01.05.2023 до 31.05.2023 беа изработени анализи на 18 примероци од две мерни места. Направените анализи во месец мај, 2023 година покажуваат задоволителни резултати и висок процент на ефектот на пречистување, а вредностите на параметрите на излез се движат во границите на максимално дозволените концентрации според Правилник - Службен весник на РСМ бр.73 од 31.05.2011 година.