Нова водоводна мрежа на бул. 8 Септември

06.06.2023, Скопје – Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Драган Илиевски изврши увид на работните активности на бул. 8 Септември, каде започна изведбата на новата водоводна мрежа, инвестиција на Водовод Скопје и Град Скопје. 

За реализација на овој проект изведувач на градежните работи е Град Скопје, а изведувач на монтажните работи ЈП Водовод и канализација – Скопје, за што е предвидена употреба на дуктилно лиено железни цевки, со профил 200 мм и со вкупна должина од 151 метар. 

„Реализацијата на овој проект е предвидена во рамки на активностите на Град Скопје за изградба, реконструкција и одржување на кружниот тек помеѓу ул.Скупи и бул.8 Септември како и сообраќајно решение за поврзување на бул.Никола Карев со бул.8 Септември. Со цел комплетирање на сите елементи, ЈП Водовод и канализација – Скопје и Град Скопје, покрај веќе предвидената изградба на фекална и атмосферска канализација, пристапија кон подготовка и реализација на проект за нова водоводна линија, која ќе се поврзе на веќе постоечката мрежа со дијаметар на цевка 400 мм. Проектно техничката документација за предметната водоводна мрежа е изработена во согласност со урбанистичкиот план и има за цел обезбедување на услови за водоснабдување на постоечките и новопредвидените објекти од локалитетот „кај Хубо Маркет во Злокуќани“, општина Карпош.“ – посочи Драган Илиевски, директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје. 

Со реализацијата на предвидената магистрална водоводна мрежа ќе се создадат услови за приклучување на објектите долж делницата од булеварот и поврзување на идна секундарна водоводна мрежа предвидена со ДУП улица покрај Вардар. Исто така ќе се создадат услови за идно реализирање на циркулационен  прстен на водоводна мрежа, со што ќе се  создадат услови за квалитетно водоснабдување на корисниците од овој локалитет.  

ЈП Водовод и канализација – Скопје е секогаш во служба на граѓаните на град Скопје и во координација со Градот посветено работи во насока на задоволување на нивните потреби и создавање услови за подобри и поквалитетни услуги.

 

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies