Теренски работни активности за одржување на водоводната мрежа и канализационата мрежа на ден 15.05.2023 год.

 

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации : ул. Румена Хаџипанзова бр.92-уличен дефект и ул. Самоилова бр.140-уличен дефект.

 Во текот на денешниот ден се спроведе и акција за пуштање на фонтаните на бул.Илинден бб во употреба, во согласност со временските услови.

 Исто така се спроведоа и активности за поставување на шахти и водомери на чешмите и фонтаните во Градскиот Парк.

 Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферска канализација и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации: ул. Владимир Комаров,ул. Перо Наков, бул. Никола Карев , ул. Чедомир Кантарџиев и ул. Варшавска.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.


 

 

 

 

     

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies