Активности за одржување на атмосферската канализациона мрежа

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, покрај редовните активности за одржување на канализационата мрежа,  во согласност со временската прогноза и најавите за зачестени врнежи од дожд, спроведоа и дополнителни активности за одржување на атмосферската канализациона мрежа.

Во рамки на дополнителните активности се изврши расчистување на сливниците, каналите и шахтите рачно, но и со примена на механизација – цистерна вакуум и под притисок. Расчистувањето и проверката се спроведоа на сите улици на територија на град Скопје, со посебен акцент на критичните точки во градот: бул, Партизански одреди, бул. Илинден, ул. Љубљанска, ул. Московска, Плоштад Македонија, ул. Македонија, ул. Даме груев, итн., со цел непречена и нормална функционалност на атмосферската канализација, како и спречување на несакани последици.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје остануваат подготвени и на терен во согласност со условите за навремена реакција за задоволување на потребите на граѓаните и градот Скопје.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies