ИЗВЕСТУВАЊЕ - работно време

Ве известуваме дека 21.04.2023 година е неработен ден по повод празникот Рамазан Бајрам.

Шалтерите за наплата, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во сабота (22.04.2023) ќе работат од 09:00 до 14:00 часот.

Со редовни работни активности ќе се продолжи во понеделник, 24.04.2023.

Ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас. Посетете ја нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието. Електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk. Полесен и побрз пристап до услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје е овозможен со мобилната апликација на претпријатието. Информациите поврзани со фактурите и нивната наплата се достапни и преку апаратите за наплата распоредени на неколку локации во градот: Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје, ГТЦ на приземје, Капитол Мол во Аеродром и Сити Мол во Карпош.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies