Известување за работно време

Шалтерите за наплата, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во пресрет на велигденските празници, во петок (14.04.2023) ќе работат само прва смена од 7:30 до 15:30 часот, додека пак во сабота (15.04.2023) и понеделник (17.04.2023), нема да работат.

Со редовни работни активности ќе се продолжи во вторник, 18.04.2023.

Ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас. Посетете ја нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието. Електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk. Полесен и побрз пристап до услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје е овозможен со мобилната апликација на претпријатието. Информациите поврзани со фактурите и нивната наплата се достапни и преку апаратите за наплата распоредени на неколку локации во градот: Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје, ГТЦ на приземје, Капитол Мол во Аеродром  и Сити Мол во Карпош.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies