Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации :ул. Џон Кенеди- уличен дефект, ул. Димо Хаџи Димов бр.29- реконструкција и ул.Јајце бр.156- Кале-Чаир.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации : ул.Филип Филиповиќ – чистење канализација со цистерна вакум и цистерна притисок, ул.100- Волково-чистење шахти со цистерна притисок, контрола на шахти и површинско и рачно чистење на сливници на ул. Мите Богоевски, ул.Фрушкогорска- цистење шахти со приколка притисок, бул.Јане Сандански -рачно чистење сливници, бул. Наум Охридски- рачно чистење на фекални шахти, бул.Трета Македонска Бригада- рачно чистење сливници, Шуто Оризари- рачно чистење шахти, рачно чистење сливници на ул.Ѓорги Димитров и ул.Дичо Петров, ул. Боца Иванова – рачно чистење сливници, бул.К.Ј.Питу- рачно чистење на сливници, ул.Александар Урдаревски подвозник Наше Дете, бул.Босна и Херцеговина- чистење на сливници рачно и со приколка притисок, ул. Наум Охридски- рачно отпушена фекална канализација,ул. Хо Ши Мин и ул.Рудо- контрола на шахти и рачно чистење на сливници, бул. Србија -рачно чистење сливници, бул.Борис Трајковски - површинско чистење на сливници, бул. Александар Македонски – рачно чистење сливници, ул.Ѓорче Петров- чистење сливници рачно и со цистерна притисок и ул.Христо Татарчев – Припор-чистење на улични решетки .
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.