Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации : ул. 28-Сингелиќ- уличен дефект, ул.168/9- Кале-уличен дефект, ул.Дримска бр.38-Чаир-Шутка – приклучна цевка.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации : бул.Србија подвозник-површинско чистење на на решетки од сливници, површинско чистење на решетки од сливици на ул.Коста Новаковиќ, Методија Шаторов Шарло, ул.Фрањо Клуз, бул. Кузман Јосифовски Питу -рачно чистење на сливници, бул.Србија- контрола на шахти и површинско чистење на сливници,с.Долнно Лисиче – контрола на шахти и површинско чистење на сливници, ул.Перо Наков-рачно чистење,ГУЦ Здравко Цветковски-отпушување со цистена притисок, Шуто Оризари-рачно чистење,контрола на сливници и рачно чистење и чистење со приколки притисок на критични точки по реон Бутел 1, контола на фекални шахти и површинско чистење на решетки од сливници на бул. Јане Сандански-непарни броеви паркинзи, контрола на шахти и површинско чистење на сливници на сите булевари на реон Лисиче, ул.Ѓорѓи Капчев 1 дела краци 1,2,3,4-контрола на фекална канализација, бул.Партизански Одреди- чистење на сливници, ул. Христо Татарчев-Припор-чистење на улични решетки.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.