Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации : ул.Ѓорѓи Капчев – уличен дефект , с.Љубанци- уличен дефект,ул. Гиго Михајловски- Карпош- реконструкција.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации : ул. 28-Радишани-контрола на шахти, ул.Лука Геров-контрола на шахти, ул. Ѓорѓи Капцев краци од 31 до 35 непарни,ул. Васко Каранѓелески-површинско чистење на на решетки од сливници, ул.Џон Кенеди- рачно чистење на сливници,бул.В.С.Бато од 1-91 (надворешни паркинзи )и контрола на фекален колектор ф 800 и ф1000 на ул.Тодор Чангов,ул.113-рачно чистење на шахти.
Извршена е дератизација во реон Ѓорѓе Петров. Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците