Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 22.03.2023 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации : бул.Наум Охридски,ул.Фрањо Клуз бр.14, ул.Јужно Моравски Бригади.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации : бул.Никола Карев-површинско чистење на сливници и по цел реон Центар, отпушување со цистерна под притисок на ул. Мечкин Камен , рачно чистење на сливници на бул.Борис Трајковски-потег Усје-Стаклара, површинско чистење на сливници на бул. Србија, бул. Александар Македонски, бул.Партизански Одреди и бул.Илинденска.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

   

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies