Светски ден на водата, 22 март 2023

Денес го одбележуваме Светскиот ден на водата под мотото „Биди промената“.

ЈП Водовод и канализација – Скопје во соработка со Градот Скопје постојано работи на заштита на водата како природен ресурс, нејзината заштита и заштитата на животната средина воопшто. 

Градот Скопје се снабдува со вода за пиење од подземниот, природен извор Рашче, чиј минеролошки состав не е променет повеќе од сто години,  а по својот квалитет е на второ место во Европа, веднаш зад Виена. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје, континуирано работи на одржување на водоводната и канализациона мрежа во градот Скопје, со цел подобрување на услугите за граѓаните, односно за своите корисници. 

Имајќи ги предвид климатските промени, ЈП Водовод и канализација – Скопје, со поддршка на Градот Скопје, спроведува и голем број на проекти и активности за намалување на загубите на вода, во чиј процес голема улога има и имплементацијата на SCADA системот. 

Фокусот на активностите за одбележување на овој значаен ден за претпријатието и оваа година се насочи кон едукација на идните генерации за значењето на водата како природен ресурс, нејзината заштита и заштитата на животната средина воопшто. 

Во просториите на Секторот за санитарна контрола, во кој функционираат хемиска и микробиолошка лабораторија, беше организирана едукативна интерактивна работилница, на која учество земаа учениците од петто, шесто и седмо одделение од ОУ „Петар Поп Арсов“, општина Карпош. На настанот присуствуваа генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров и директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Драган Илиевски. 

Исто така претставници, експерти во областа, од Секторот за санитарна контрола беа дел од едукативната работилница во градинката Буба Мара, објект Сонце во Аеродром, со презентација наменета за најмалите.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies