Теренски работни активности за одржување на водоводна и канализациона мрежа на ден 21.03.2023 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации : Паркинг Холидеј Ин -цистерна, ул. Струмичка бб, уличен дефект Чаир.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации: ул.Карл Либкнехт уличен дефект ф100, Гази Баба, Маџари, бул.Никола Карев-чистење на шахти со цистерна вакум, дератизација  Ново село, ул.Лазар Поптрајков Жечезара капија југ отпушување на  атмосферска канализација, ул.Илинденска -Чистење на јама со вакум цистерна, ул.Лука Геров-Отпушување на шахта со цистерна под притисок, ул.Банско-Сливници рачно и контрола на фекални шахти, ул.Павел Шатев-контрола на шахти и површинско чистење на  сливници, ул.Венјамин Манџукоски-конторла на фекални шахти и површинско и внатрешно чистење на решетки и сливници со лопата, ул.Хо Ши Мин-рачно чистење сливници, ул. Никола Русински -рачно чистење сливници.

Извршена е дератизација во нас. Тафталиџе и Шуто Оризари.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

            

           

              

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies