Месечен извештај за оперативноста на ПСОВ – Волково за месец Февруари 2023 година

Пречистителната станица за отпадни води Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково. 

Пречистителната станица за отпадни води Волково наменета е за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јаболка, Стопански Двор и Волково.

ПСОВ Волково е предвидена за 19 500 Е.Ж. За пречистување на отпадните води се употребува современа СБР технологија. Во текот на месец  Февруари  2023 година  пречистени се вкупно 38.575 м³ отпадна вода. Од механичкиот предтретман отстранети се приближно 1,3 тони отпад со категоризација на отпад 19 08 01 (отпад од ситаꓽ крпи, марамици....) и 19 08 02  (отпад од песколовец - песок).    

Во Пречистителната станица за отпадни води Волково се прават анализи на параметри  кои се предвидени во дозволата за испуштање на отпадна вода во 

р.Лепенец.

Во периодот од 01.02.2023  до 28.02.2023 година беа  изработени  анализи на 16 примероци од две мерни места. Направените анализи во месец  Февруари 2023 година  покажуваат задоволителни резултати и висок процент на  ефектот  на пречистување, а  вредностите на параметрите на излез се движат во  границите на максимално дозволените концентрации според Правилник - Службен весник на РСМ бр.73 од 31.05.2011 година.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies