Водовод Скопје со признание за поддршка на мисијата на СОС Детско село

ЈП Водовод и канализација – Скопје, е првото јавно претпријатие кое пристапи кон поддршка на мисијата на СОС Детско село и веќе три години спроведува активности за ширење на индивидуалната филантропија. 

Во овој период беа спроведени многу активности со цел поттикнување и ширење на идејата за посветено индивидуално донаторство, во кои активно се вклучија и вработените во претпријатието како посветени донатори. Преку достава на повиците за донации заедно со фактурите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во рамки на поддршка на кампањите на СОС Детско село, гласот на децата без родители и без родителска грижа стигнува до над 200.000 корисници на услугите на претпријатието кои имаат можност да станат посветени донатори. 

Во знак на благодарност за заложбите на претпријатието се и благодарницата за поттикнување на индивидуалното донаторство кај вработените и плакетата за најголем партнер за поттикнување на донаторството во 2022, доделени на ЈП Водовод и канализација – Скопје на овогодинешниот настан „Едно семејство“ во организација на СОС Детско село. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје, како општествено одговорно претпријатие ја  продолжува поддршката и соработката со СОС Детско село во насока на ширење на индивидуалната филантропија.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies