Акција за одржување на атмосферската канализација

 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје во согласност со состојбите на терен и со најавите за временската прогноза спроведоа редовни и вонредни работни активности за расчистување на сливниците, шахтите и каналите на главните и споредни улици во градот, со цел непречена функционалност на атмосферската канализација.

Во текот на изминатите денови беа спроведени активности за рачно чистење на сливниците, одзатнување на канализационата мрежа по дојава од корисници со цистерни под притисок и вакуум, како и контрола на шахтите, а особено внимание се посвети на критичните места во градот.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies