Заврши реконструкцијата на водоводната мрежа во Парк Шума Гази Баба, инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Драган Илиевски, заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска извршија увид на завршните активности за реконструкција на постоечката водоводна мрежа низ Парк Шума Гази Баба.

Со денешните работни активности заврши дислокацијата и реконструкцијата на водоводната мрежа низ Парк Шума Гази Баба, односно крак 1, на потегот од резервоарот Гази Баба до приклучокот на ул. Тајмишка, инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје во висина од 14 милиони денари.

Со завршување на првата фаза односно крак 1, се изведе дислокација на водоводната мрежа по нова патека, во должина од 500 метри и се изврши поврзување со постоечкиот цевковод на ул. Тајмишка. Воедно беа изградени и две нови шахти: шахта со испуст во бунар, и водоводна шахта за поврзување на новата цевка со дијаметар од 250мм со постоечката цевка со дијаметар од 200мм. При изведбата беа вградени  дуктилно - лиени железни цевки и соодветни фасонски парчиња и арматури.

Со реализацијата на овој проект се обезбедува постојано, непречено и квалитетно водоснабдување без загуби во мрежата на поголем дел на територија на општина Гази Баба.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies