Акција за одржување на атмосферската канализација

Во текот на изминатите неколку дена, во согласност со состојбите на терен и најавите за дожд, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје спроведоа активности за расчистување на сливниците и шахтите на сите главни и споредни улици во град Скопје.

Екипите на сектор Канализација, заедно со директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Драган Илиевски, беа на терен и во текот на минатата вечер, за контрола, брза реакција и интервенција на критичните точки во градот, со цел непречена функционалност на атмосферската канализација и спречување на поплави.

ЈП Водовод и канализација – Скопје, во согласност со најавената временска прогноза и состојбите на терен ќе продолжи со спроведување на активности за подобрување на  услугите за скопјани.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies