Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа во градот Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје во согласност со својата дејност посветено работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Екипите на сектор Водовод во текот на вчерашниот ден спроведоа активности за отстранување на дефекти на водоводната мрежа на ул.2 бб во Батинци, Дижонска 9, ул.1/77, Качанички Пат, ул.Петар Манџуков 24, во комплексот на Сектор за санитарна контрола, во село Љубанци, како и за реконструкција на водоводна линија на ул. Димо Хаџи Димов.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за рачно чистење на сливници на ул. Александар Македонски, ул. Народни херои, ул. Боца Иванова, бул. Никола Карев, контрола и рачно чистење на сливници на бул. Србија и ул. Мите Богоевски, чистење на фекална канализација на бул. Илинден и во Сопиште со цистерна – вакуум, чистење на сливници со цистерна под притисок на бул. 8 Септември, ул. Гиго Михајловски, ул. Езерци, ул. Дрезденска и контрола на фекална канализација и рачно чистење на сливници на ул. Васко Карангелевски и Анѓел Димитров, ул. Долно Лисиче 5 и дел од Ѓорги Капчев.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies