Работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа

ЈП Водовод и канализација – Скопје во согласност со својата дејност посветено работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Екипите на сектор Водовод во текот на вчерашниот ден спроведоа активности за отстранување на дефекти на водоводната мрежа во село Љубанци, на ул.Речиште бр.34, ул. Петре Филиповски Гарката бр.38, ул.Славејко Арсов бр.21, ул.1673 бб во населба Шуто Оризари, ул.1 с. Батинци, како и за реконструкција на водоводна линија на ул. Димо Хаџи Димов.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за рачно чистење и чистење со цистерна под притисок на фекалната канализација на ул. Методија Шаторов Шарло, промена на капак на шахта и поставување на затворач на ул. Ристо Шишков, рачно чистење на сливници на ул. Козле, ул. Расадник, чистење на шахти со машина под притисок на бул. Христијан Тодоровски Карпош, ул. Душко Поповиќ и во Бутел, контрола на фекална канализација и површинско чистење на сливници на ул. Горно Лисиче, рачно чистење на атмосферска канализација на ул. Виц, одзатнување на канализација на ул. Московска, ул. Народни херои и одзатнување и чистење на фонтана во Градски Парк.  

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies