Работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје секојдневно се на терен и изведуваат работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Екипите на сектор Водовод во текот на вчерашниот ден спроведоа активности за отстранување на дефекти на водоводната мрежа на ул. Максим Горки бр. 7, ул. Тодор Чангов бр. 23, ул. Козјак бр. 7а во Кисела Вода, ул. Козле бр. 170, Речиште бр. 15, како и за реконструкција на водоводна линија на ул. Димо Хаџи Димов.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за рачно чистење на сливници и шахти на ул. Воин Драшковиќ, бул. Партизанска, во Шуто Оризари, Александар Урдаревски, ул. Маџари, ул. Цетинска, контрола на шахти и површинско чистење на сливници на ул. Ѓорѓи Андреевиќ – Кун и Димитар Благоев, ул. Востаничка, ул. Гемиџиска, чистење на фекална канализација со цистерна – вакуум на ул. Венјамин Манцуковски, чистење на сливници со машина – приколка под притисок на бул. Србија, бул. Борис Трајковски, ул. Народни Херои, одзатнување на колектор со цистерна под притисок на ул. Методија Шаторов Шарло, ул. Вера Циривири Трена, ул. Московска и одзатнување на шахта кај ОУ Кирил и Методиј и бул. Илинден.

 

 

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies