Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа

Екипите на сектор Водовод во текот на изминатиот период спроведоа активности за отстранување на дефекти на водоводната мрежа на ул. Гемиџиска бр. 9, Горна Матка, ул.7 во Батинци, ул.157 бр.40, ул.1 бр.5 во Гази Баба, како и работни активности за реконструкција на водоводна линија на ул. Димо Хаџи Димов и Митрополит Теодосиј Гологанов каде се изведе нова водоводна линија која се поврза на постоечка водоводна мрежа Ø150mm на ул.Ленинова и на новопроектирана водоводна мрежа Ø150mm на ул. Златко Шнајдер.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за одзатнување на фекална канализација со цистерна под притисок на ул. Методија Шаторов Шарло, ул. Никола Карев, ул. Венјамин Манцуковски, ул. Бриселска, одзатнување на фекална шахта со цистерна под вакуум на ул. Венјамин Манцуковски, ул. Марко Крале, рачно чистење на шахта на Теферич и рачно чистење и чистење на сливници и шахти со цистерна под притисок на ул. Ѓорче Петров.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците

 

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies