Продолжува акцијата за расчистување на канализационата мрежа во Старата скопска чаршија

 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална хигиена и во текот на денешниот ден, продолжија со спроведување на работните активности за реализација на пролетната акција за расчистување, проверка и контрола на атмосферската и фекалната канализациона мрежа во Старата скопска чаршија. 

Акцијата ги опфаќа улиците во овој дел на градот: Битпазарска, Београдска, Казанџиска, Градиште, Лазар Танев, Ковачка, Атанас Бабата, Евлија Челебија и Архиепископ Аргилариј. 

ЈП Водовод и канализација Скопје, континуирано и посветено спроведува редовни и вонредни работни активности за одржување на водоводната, но и канализационата мрежа, со цел непречено водоснабдување и одведување на урбаните отпадни води во градот Скопје, како и за подобрување на услугите за граѓаните.

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies