Акција за расчистување на канализационата мрежа во Старата скопска чаршија

 

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална хигиена започнаа активности за реализација на пролетната акција во Старата скопска чаршија. 

Во рамки на оваа акција, екипите на сектор Канализација спроведуваат активности за расчистување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа, како и за чистење на шахтите и сливниците на следните улици: Битпазарска, Београдска, Казанџиска, Градиште, Лазар Танев, Ковачка, Атанас Бабата, Евлија Челебија и Архиепископ Аргилариј. 

Со оглед на специфичноста на работните обврски, како и ограничениот пристап во текот на работните денови, оваа акција ќе продолжи и во текот на утрешниот ден. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје, континуирано и посветено спроведува редовни и вонредни работни активности за одржување на водоводната, но и канализационата мрежа, со цел непречено водоснабдување и одведување на урбаните отпадни води во градот Скопје, како и за подобрување на услугите за граѓаните.

 

 

 

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies