Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа

Екипите на сектор Водовод во текот на вчерашниот ден спроведоа активности за отстранување на дефекти на водоводната мрежа на ул. Благоја Стефковски бр. 4/35 во Гази Баба, ул. 380 бр. 42 на Кале, ул.Моцартова 65, Козле 1/29, ул.22/31 Сопиште, ул.1 бб с.Љубанци, како и работни активности за реконструкција на водоводна линија на ул. Димо Хаџи Димов. 

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за одзатнување на колектор ф 600 мм и поправка на цевка на длабочина од 5 метри на ул. Лепенечка во Ѓорче Петров, поправка на цевка ф 300 мм на ул. Браќа Галеби, контрола на фекална канализација на ул. Божин Николов, одзатнување со цистерна под притисок на ул. Нобелова и Хелсинки, ул. Виенска и ул. Букурешка, чистење на атмосферска шахта на ул. Скупи 2, увид на мрежа во Момин Поток, контрола на фекални шахти и површинско чистење на решетки од сливници на бул. Кузман Јосифовски Питу, бул. АСНОМ и ул. Митре Влаот, рачно чистење на сливници на ул. Маџари и површинско чистење на сливници на ул. Ѓорѓи Димитров. 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies